Има ли надеж? Шумахер префрлен во Париз


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер (50) лечењето го продожува во Париз, јавува угледниот Le Parisien.

Седумкратниот светски шампион пред неколку години на скијање во Франција се здоби со тешки повреди на главата, а во голема борба и долг период поминат во кома, успеа да преживее, но неговото секојдневие е далеку од тоа што тој го имаше претходно.

За неговата здраствена состојба ретко се знае, дури понекогаш кога во јавноста ќе се појави поранешниот шеф на Ферари Жан Тод кој неретко го посетува, а сега занимливост околу опоравувањето на Шумахер откри и францускиот медиум.

Le Parisien тврди дека Шумахер тајно е префрлен на лечење во Париз, каде ќе биде подложен на специјална терапија на матичните ќелии, а грижа за него ќе води Филип Менаше, кој важи за еден од водечките светски стручњаци во таа област.

Истиот извор тврди дека Шумахер е донесен на носилка, и неговото лице и тело биле прекриени поради јавноста.

Да потсетиме, Шумахер на 3. јануари наполни 50 години.