Феномен - Има 21 година, играше во 10 држави и за клубови како Реал, Тотенхем, Милан, Галатасарај

Аргентина, Уругвај, Шпанија, Италија, Словенија… Лукас Елијас Онтиверо го заобиколи светот играјќи фудбал. А, тешко дека имате слушнато за него.

Можеби имате, но најверојатно не за Лукас Елијас Онтиверо. Ова момче кое е крилен напаѓач има 21 година и богата клупска кариера и фудбалерите кои се пред пензија можат да само да му завидуваат.

Онтиверо играше во 10 различни држави рачунајќи на млади селекции и сениорската кариера. Играше во Аргентина, Уругвај, Шпанија, Италија, Словенија, Венецуела, Англија, Турција, Унгарија и Канада.

Повторуваме има 21 година.

Во младите категории го носеше дресот на Реал Мадрид, Сан Лоренцо, Тотенхем, Милан, Индепендиенте…

Сега е играч на Галатасарај кој е позајмен во Монтреал во Канада. Пред тоа шеташе по позајмици во Газијантеп, Ховед, Олимпија Љубљана. За Газијантеп и Олимпија одигра само 1 натпревар.