Фонсека: Би сакал да ги одморам Џеко и Коларов, но тоа е невозможно


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот на Рома, Пауло Фонсека денес на прес-конференцијата пред натпреварот со Аталанта покрај останатото, зборуваше и за одмарање на играчите.

Рома, како и останатите тимови кои играат на три фронтови, овие денови има полни рацe со работа, но Фонсека порачува дека не смее да си дозволи да ги одмора клучните играчи како што се Александaр Коларов и Един Џеко.

„Би сакал да ги одморам Џеко и Коларов, но тука станува збор за два клучни фудбалери за нашиот баланс и во овој момент тоа е невозможно. Утре ќе има неколку измени во однос на последниот натпревар и ќе игра и Смолинг“, изјави Фонсека.

Пред самиот натпревар го кажа следново:
„Мораме да останеме фокусирани, сеуште ништо немаме направено. Само победивме во последните три натпревари. Имаме уште многу да направиме и за да напреднуваме мораме цврсто да останеме на теренот“.
Натпреварот помеѓу Рома и Атланта се игра утре од 19:00 часот.