Манчестер Јунајтед пронајде нова деветка по свој вкус


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во Манчестер Јунајтед ова лето го продадоа Ромелу Лукаку, а одлучија дека не е потребно да доведат нов играч на позицијата со број 9.

Солскер и управата на Јунајтед сметаат, очигледно, дека Маркус Рашфорд може да ја превземе таа улога, но сега сериозно се сомневаат дека младиот Англичанец може да го „испорача“ бројот на погодоци кои се очекува од центарфор на Црвените Ѓаволи.

Солскер нема многу опции со оглед на тоа дека младиот Гринвуд сеуште не е спремен да ја добие вистинската шанса, па почна да се шпекулира дека Јунајтед во јануари ќе издвори голема сума на пари за да доведе нов шпиц во тимот.

Опциите за Јунајтед ќе бидат многу лимитирани во Јануари, но Црвените Ѓаволи се прилично уверени дека можат да го реализираат трансферот со Лион за Дембеле.

23-годишниот Французин во шест натпревари во новата сезона иима постигнато исто толку голови, во одлична форма е, а и го набљудуваа скаутите на Јунајтед на претходните 3 натпревари.

На Јунајтед битна работа им е тоа што Дембеле има големо искуство со играње на Островот со оглед на тоа дека од 2016. до 2018. со голем успех го носеше дресот на шкотскиот Селтик.

Сепак и да се нафати Лион да го продаде својот одличен голгетер во јануари, цената ќе биде вртоглава. Имено, Лион го купи Дембеле од Селтик минатата година за 22 милиони евра, а неговиот договор со овој француски клуб важи до 2023. година.