Мурињо ја следи ситуацијата во Тотенхем


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Жозе Мурињо во декември изминатата година ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед.

Португалецот од 2016. Година беше на клупата на клубот од Олд Трафорд, но после серијата на лоши резултати доби отказ и од тогаш нема најдено нов ангажман.

Британските медиуми сега ја донесоа веста дека Мурињо ја прати ситуацијатата во Тотенхем и дека размислува за враќање во тренерските води.

Тотенхем толку лошо ја отвори оваа сезона и не доликува на тимот кој изминатата сезона стигна до финалето на Лигата на Шампионите, а Маурисио Покетино можно е да добие отказ доколку ситуацијата наскоро не се промени.

Мурињо исто така се поврзува со враќање во Реал Мадрид додека и понатаму траат притисоците врз Зинедин Зидан.