Во Барса тврдат: Имавме договор со Јувентус околу Погба


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Директорот на Барселона за спорстски институционални односи Алберт Солер откри дека неговиот клуб имал договор со Јувентус околу Пол Погба.

Погба неодамна во голем трансфер од Јувентус премина во Манчестер Јујнајтед, а Солер тврди дека Французинот „бил ветен на Каталонците“.

Имено, Солер рече дека Барса имала договор со Јувентус за, ако одлучат да го продадат Погба, право на негово купување има превенствено шпанскиот шампион.

„Во минатата година направивме договор со Јувентус: Ако сакаат да го продадат Погба, ние имаме право да го купиме. Меѓутоа, тоа не се случи, Јуве не сакаше да го продаде во минатата година. Поради тоа моравме да бараме некој друг играч“, откри Солер.

Година дена подоцна, кога договорот повеќе не вредеше, Јуве Погба го пушти во неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.