Во ФК Илинден револтирани: Судијата е голем виновник за инцидентот камера имаше, сега нема снимка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во натпреварот од третата лига север помеѓу Цементарница и ФК Илинден се случи инцидент во кои беа повредени неколку фудбалери.

Вчера после инцидентот на својот Фејсбук профил се огласи тренерот на клубот Илинден, Мишо Марковски.

Марковски обвинува дека на теренот имало камера, меѓутоа сега снимка од натпреварот немало.

„Ајде клубови… Ајде Трета лига – Север. На натпреварот Цементарница – Илинден се случи тежок инцидент…Инцидент во кој се повредени тројца играчи…Префрлени со болнички возила во Ургентен центар. Телесни повреди, трауми, незадоволство како од родителите така и во јавноста во Илинден. Играме во оваа лига со години, поточно од 90-тите, играно е и после немирите во Чегране, Слупчане, Форино, но ова што се случи во центарот на Скопје ја прели чашата. Да има инциденти во ред, но вака чопоративно и оркестрирано да има напад од целата екипа на Цементарница, ниту сме очекувале ниту пак имаше причина за истото. Да биде иронијата поголема, натпреварот требаше и мораше да се снима. Јас тврдам дека имаше камера, но снимката ја нема. Ни останува да се водиме по изјавите на судијата кој е голем виновник за инцидентот“, стои помеѓу другото во Фејсбук статусот на Марковски