Дибала им донесе победа на Јувентус: „Никој не очекуваше да постигнам гол со десна нога“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пауло Дибала синоќа беше јунак во тимот на Јувентус бидејќи со својот погодок и донесе победа на Старата Дама против Милан (1:0) во 12. коло од Серијата А.

Јувентус до победа дојде на самиот крај кога Дибала постигна погодок кој во игра влезе во второто полувреме како замена за Кристијано Роналдо.

Дибала погодокот го постигна со „послабата“ десна нога, а после натпреварот изјави дека тоа никој не можеше да го очекува од него посебно поради тоа што во секоја ситуација гледа да се намести за да шутира со левата нога.

„За сите нас беше важно само да стигнеме до победа без оглед кој ќе постигне гол. Ова не беше нашето најдобро издание, но важното е тоа што остваривме победа и одиме кон одбрана на Скудетата. Милан сезонава не ја започна баш најдобро, но тие се сепак Милан. Тоа е одличен тим со квалитетни фудбалери кој на секој тим може да им направи проблем“, рече Дибала и продолжи:

„Никој не очекуваше од мене да постигнам гол со десна нога. Кога топката дојде до мене, морав да шутирам со десната нога и за среќа се помина како што треба“.