Стерлинг го прокоментира исклучувањето од репрезентацијата за натпреварот против Црна Гора

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Гарет Саутгејт соопшти дека Рахим Стерлинг нема да биде во конкуренцијата за натпреварот против Црна Гора.

Стерлинг имаше недоразбирање со соиграчот Џо Гомес поради што е одлучено дека тој во четврток нема да биде во конкуренција за мечот против Црна Гора. Стерлинг и Гомес го продолжија недоразбирањето кое го започнаа во неделата на натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.

Се започна со вербална расправија после навредите на Стерлиг кои беа упатени кон Гомес, но нивните соиграчи веднаш реагирале и спречиле некој поголем инцидент.

Саутгејт разговараше со целиот тим и одлучи дека Стерлинг нема да игра против Црна Гора и покрај тоа што моментално тој е најдобар играч во Англија. Стерлинг објасни што се случи на вчерашниот тренинг.

„Моментално сум во фаза кога емоциите се многу јаки после дербито и јас сум човек кој признава кога ќе ме совладаат тие работи. Џо Гомес и јас сме во добри односи и се разбираме. Тоа беше момент кој траеше 5-10 секунди. Моментално тоа е позади нас и ова нема да го направиме поголемо од тоа што е“, изјави Стерлинг.