Лоши вести за Јувентус: Кедира три месеци ќе биде надвор од терените


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот везен Сами Кедира повторно доживеа тешка повреда на коленото поради која ќе отсутствува од теренот неколку месеци.

Кедира оваа сезона конечно започна да игра во Јувентус после одлуката на Маурицио Сари да го врати во тимот. Меѓутоа, германскиот играч доживеа голема несреќа минатиот викенд на натпреварот против Сасуоло.

Овој натпревар заврши со резултат од 2:2, а работата да биде уште полоша за Јувентус – Кедира се повреди. Италијанскиот клуб соопшти дека Кедира мора под итно на операција на коленото и дека надвор од теренот ќе биде најверојатно три месеци.

Сари многу често го користеше Кедира во досегашниот дел од сезоната бидејќи германскиот везен одигра 18 натпревари, од кој на 13 беше во првиот состав на тимот.

Неговата повреда сега му отвара простор на Емре Чан кој веќе некое време се жали и не е задоволен со минутажата која ја добива во Јувентус. Чан сега ќе има повеќе простор за игра и прилика да му се докаже на Сари.