Незадоволство во Мадрид: Судијата не ни дозволи да победиме!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона и Реал Мадрид ги разочараа љубителите на фудбалот на долго очекуваното Ел Класико.

Одамна немаме гледано поскромно дерби во шпанскиот фудбал, па не е чудо што мрежите мируваа по 90 минути.

По натпреварот од Мадрид обвинуваат дека судијата Ернандез Ернандез ги оштетил со два недосудени пенали. Играчите на Реал мислат дека токму судијата не им дозволил да го победат големиот ривал.

“Судијата не ни дозвoли да победиме”, се слушна од соблекувалната на Реал по завршување на Ел Класико.

А она на што се жалат од Мадрид се спорните моменти во казнетиот простор. Сметаат дека Рафаел Варан два пати е недозволено задржан, моменти на кои судијата Ернандез не реагираше.

Кралевите се лути бидејќи и судиите од ВАР собата не интервенираа на овие два моменти и сметааат дека судењето било тенденциозно.