Арсенал без Колашинац до крајот на годината

Одбранбениот играч на Арсенал, Сеад Колашинац ќе го пропушти остатокот од годината.

Колашинац ги повреди лигаментите на десниот зглоб во поразот од Манчестер Сити (0:3) и нема да биде на теренот пред јануари.

Тоа се големи проблеми пред се за Фреди Љунберг, а потоа и за новопечениот тренер Микел Артета, бидејќи го нема и Киеран Тирни.

Колашинац ќе го пропушти саботниот меч против Евертон на Гудисон парк, потоа гостувањето кај Барнемут, а потоа и натпреварите против Челзи и Манчестер Јунајтед.

Се очекува да се врати со тренинзи во јануари.