Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот на Тотенхем, Сон Хјеон-Мин вчера е суспендиран на три натпревари поради црвениот картон кој го заработи на мечот против Челзи.
Јужнокореецот во второто полувреме намерно го удри Антонио Рудигер, а судијата по асистенција на ВАР одлучи да му го покаже патот кон соблекувалната.
По тоа Сон е дополнително казнет. Од Тотенхем најавија жалба на оваа одлука бидејќи мислат дека казната е престрога.
Сепак, вчера стигна и одговор на жалбата која на крај е одбиена, па така Спарс против Брајтон, Норич и Саутемптон ќе бидат без Сон.
Жозе Мурињо наредниот период ќе биде без еден од најдобрите играчи на Тотенхем оваа сезона кој на 23 натпревари во сите натпреварувања постигна 10 голови и запиша 9 асистенции.