Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Рома овие денови ќе имаат многу работа околу еден играч.
Во прашање е играчот за врска Лоренцо Пелегрини кој важи за еден од најголемите цели за другите клубови. Европските гиганти го посакуваат, а откупната клаузула е само 30 милиони евра па поради тоа е оправдан стравот Волчицата да го загуби играчот.
Затоа се брзаат да го обезбедат потписот на Пелегрини за да ја исфрлат клаузулата која на Римјаните ќе им овозможи да го задржат.
За да го постигнат тоа, челниците од клубот му ја понудиле капитенската лента, бројот 10 од наредната сезона само за да прифати. Договорот наместо до 2022. година би важел две години подолго, односно до 2024.
Овој 23-годишен играч сигурно е пред големи искушенија и во наредните недели ќе ја видиме неговата одлука.