Потврдени се лошите прогнози, Мурињо останува без Кејн во Лига на шампионите!

Најдобриот напаѓач на Тотенхем Хари Кејн заработи сериозна повреда на натпреварот против Саутемптон.

Спарси се поразени во средата со 1:0, но тоа не е најлоша работа за Мурињо, бидејќи на истиот меч се повреди фантастичниот напаѓач и тој на штаки го напушти стадионот.

Англиските медиуми објавија дека Кејн ќе мора да паузира подолго време и дека ќе ги пропушти натпреварите со Лајпциг во осмина финалето од Лига на шампионите.

Покрај тие дуели ќе ги пропушти и натпреварите против Ливерпул, Вотфорд, Норич, Манчестер Сити и Астон Вила во Премиер лигата, односно дуелот со Мидлсборо во трето коло од ФА купот.