„Сити ќе ги загуби навивачи од Африка“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Начинот на кој Пеп Гвардиола го третира Јаја Туре може скапо да го чини Манчестер Сити, смета агентот на играчот Димитри Селук.

Сити, со одлука на Гвардиола не го регистрираше искусниот играч за врска за мечевите од ЛШ.

„Манчестер Сити поради оваа одлука ќе загуби милион фанови од Африка.

Сега сите ќе почнат да навиваат за Манчестер Јунајтед.

Многу луѓе од Африка велат дека нема повеќе да ги гледаат натпреварите на Сити на телевизија“, рече Селук.

Селук смета дека туре нема да има проблеми да најде нов клуб веќе во јануари.

„Има многу понуди. Клубови од Кина и Америка го сакаат, но ќе стигнат многу од Англија и Европа. Тој е одлична состојба“, уверува Селук.