Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот таблоид The Sun пренесе шпекулација за потенцијална „трансфер бомба“. Наводно капитенот на Астон Вила Џек Греалиш е на мета на шпанските великани Реал Мадрид и Барселона.
24-годишниот офанзивен везен беше еден од најзаслужните за враќање на Астон Вла во Премиер лигата, а продолжи да воодушевува и оваа сезона во англиската елита.
Зимоска се појавија информации дека Греалиш е желба на Манчестер Јунајтед, но потенцијалниот англиски репрезентативец сепак остана на Вила Парк.
Сега The Sun шпекулира дека веќе на лето би можел да направи трансфер во Ла Лига.
Реал и Барса го следат, а неговиот потенцијален трансфер би достигнал цена од 70 милиони евра.
Инаку, Греалиш оваа сезона одигра 27 настапи за Астон Вила и постигна 9 голови и запиша седум асистенции