Викенд без шпанска Примера?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради големите жештини може да се одложат натпреварите од овој викенд во Примера.

Доста е спарно во овие денови во Шпанија, а претседателот на Примера смета дека би било тешко да се игра на 37 степени и дека постои можност да се одложат мечевите.

Доколку натпреварите се играат, судиите ќе имаат задача за во повеќе наврати да ги прекинуваат мечевите со цел играчите да се освежуваат.

Одлуката не е официјална, а во мечевите од третото коло се среќаваат Сосиедад – Еспањол, Селта – Атлетико, Реал Мадрид – Осасуна, Малага – Виљареал, Севиља – Лас Палмас, Барселона – Алавес, Спортинг Хихон – Леагнес, Валенсија – Бетис, Гранада – Еибар и Депортиво – Атлетик.