Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Агентот на младиот голман Милан Џанлуиџи Донарума, Мино Рајола, зборуваше по синоќешната средба Милан – Јуветус за неговиот клиент.
Овој 20-годишник има договор со „Росонерите“ до летото следната година и сигурно е дека ќе има многу шпекулации во текот на следните месеци за продолжување на договорот.
Рајола вели дека наскоро ќе седне со челниците на Милан, но дека неговото мислење за сè е веќе познато.
„Милан знае што мислам. Сега не сакаме да зборуваме за продолжување на договорот затоа што не сакаме да го коментираме. Тој е во ред, сака да стигне до ЛШ и да игра на Европското првенство и тогаш ќе видиме. Не знам што сака Милан. Наскоро ќе разговараме за Донурама“, рече Рајола.
Тој зборуваше и за играчот од средниот ред Пол Погба кој исто така е негов клиент.
„Периодот на трансфер е завршен, а следниот не е пристигнат“, рече кратко познатиот агент.
Тој го прокоментира и Златан Ибрахимовиќ.
„Тој се загрева. Уште не сте виделе ништо од него“.