Навивачите го избраа најдобриот: Бејли пред Златан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Ерик Бејли е прогласен за најдобар фудбалер на тимот во август.

Во гласањето на официјалниот сајт на клубот од “Олд Трафорд” засилувањето од летото кое стигна од Виљареал имаше дури 55 % од гласовите на навивачите.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска во август настапи на четри официјални натпревари и брзо потврди дека ќе биде добро засилување во дефанзивата на Јунајтед

На второто место се најде напаѓачот Златан Ибрахимовиќ со 37 посто од гласовите, додека на третата се најде Дејли Блинд со 8 посто.

Манчестер Јунајтед во сабота од 13:30 часот, во дербито на четвртото коло на Премиер лигата го дочекуваат градскиот ривал Манчестер Сити.