Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Чиро Имобиле игра една неверојатна сезона во дресот на Лацио.
Овој одличен напаѓач постигна над 40 голови на сите натпреварувања на небесно-сините пред две години, а тој повторува слична сезона годинава.
Тој вчера постигна еден гол против Џенова на гостински терен за 3-2, неговиот 30-ти гол во сите натпреварувања оваа сезона.
Тоа значи дека тој сега има две сезони со 30 и повеќе гола во сите натпреварувања за Лацио и стана првиот играч во историјата на клубот што успеа во овој подвиг.
Пред него, повеќе од 30 голови во една сезона постигнаа Силвио Пиола (1937) и Џорџо Чинаглија (1974). Тие сепак имаа по една таква сезона, а Имобиле сега се издвои.