Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сарбрикен го постигна најголемиот успех во својата историја минатата ноќ.
Германскиот фудбалски клуб од четвртата лига ја елиминираше Фортуна Дизелдорф по пенал серијата и со тоа стигна до полуфиналето на Купот на Германија.
Апсолутен херој на овој историски успех беше домашниот голман Даниел Батц, кој дури успеа да одбрани пет пенали на фудбалерите на Фортуна.
Батц го запре првиот пенал во регуларниот период. Во 83. минута ја процени намерата на Ровен Хенингс со одлична одбрана.
Овој 29-годишник беше фантастичен и за време на пенал серијата, кога одбрани уште четири удари на пенали од фаворизираните фудбалери од Бундеслигата.
Благодарение на Батц, Сарбрикен стана првиот нисколигаш што некогаш стигна до полуфиналето на Купот на Германија.
Daniel Batz saves five penalties (including the shootout) as Saarbrücken become first fourth-tier side to ever reach the German Cup semis pic.twitter.com/ml87yDkuh1
— James Dart (@James_Dart) March 3, 2020