Артета сака Обамејанг да остане


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изрази желба да го задржи Пјер-Емерик Обамејанг.

Обамејанг има договор со Арсенал до крајот на сезоната 2020/21, но Артета сака сè да реши порано, односно клубот го убедува Габонецот да ја продолжи соработката.

„За мене е многу лесно – сакам да го задржам под какви било околности“, рече Артета, пренесуваат британските медиуми.

Оба има постигнато 20 гола во сите натпреварувања оваа сезона и наводно е на радарот на Барселона и Интер.

Разговорите на Арсенал и Обамејанг исто така ќе зависат од тоа како ќе заврши сезоната за Топџиите, кои моментно се наоѓаат на 10-то место во Премиерлигата и се елиминрани од Европските лиги минатата недела.