Интересен детал под шорцевите на Куртоа во тунелот на стадионот Виламарин (ФОТО)

Покрај лошиот натпревар, поразот на Бетис на Зинедин му донесе дополнителна главоболка на Зидан.

Реал Мадрид беше поразен со 2-1, губејќи го првото место на табелата, а покрај тоа може да го загуби Тибо Куртоа.

Белгискиот голман синоќа бранел повреден и го напушти стадионот Виламарин со завој околу бутниот мускул. Ги стегна забите и го одигра целиот натпревар, што би можело да го чини скапо.

Куртоа бранеше одлично во последно време и стана еден од клучните играчи во кралскиот клуб и имаше одлична одбрана против Бетис.

Синоќа веројатно се повредил и Марсело кој му го отстапи местото на Менди. Тестовите ќе покажат колку се сериозни повредите.