Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Потег на мојот живот е автобиографиската книга на Иниеста која во Шпанија е во продажба од понеделникот.
Ја напиша Марко Лопез, новинар на весникот „Ел Переодико и Рамо Беса, новинар на Ел Паис.
Ви откриваме само некои детали од оваа екипа која ја објави ценетата Марка.
Најлошиот ден од мојот живот се случи во Ла Масија.
„Да, изгледа апсурдно, но најлошиот ден од својот живот го поминав во Ла Масија. Се чувсвував напуштен, изгубен, како да е извлечен дел од мене, дел од длабоката душа. Беше тоао тешко време, но сакав да бидам тука бидејќи знаев дека тоа е најдобро за мојата иднина. Беше тоа горчлива пилула која ја проголтав, бидејќи морав да ја оставам фамилијата…. Да не ги гледам секој ден, да не бев така блиску. Јас тоа го избрав, тоа е вистината, и тоа ме направи човек.
Познатиот гол на Стенфорд Бриџ.
„Испратив топка која Чех не можеше да ја стигне. Тој е одличен голман кој го покрива поголем дел од својот гол. Беше тоа судбина, а можете тоа да го нарекувате како сакате…Јас размислував за тоа како да ја шутирам таа топка во тој момент? Нема шанса! Немаше време за размислување…Немав простор да размислувам требаше топката да ја удрам со надворешниот дел од копачката. Ако за тоа размислував, ништо немаше да се случи на крајот. Реагирав инстиктивно“.