Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Францускиот напаѓач Антоан Гризман пристигна во Барселона од Атлетико Мадрид минатото лето за 120 милиони евра.
Гризман дојде на „Камп Ноу“ како големо засилување, но сепак не успеа да ги исполни очекувањата. Во шпанските медиуми веќе има извештаи дека Французинот ќе ја напушти Барса на крајот на сезоната, но тоа е тешко да се очекува.
Францускиот напаѓач даде интервју за шпанските медиуми бидејќи хаосот во Европа околу пандемијата на коронавирус продолжува. Гризман јасно стави до знаење дека сака да остане во Барса и откри кој број ќе го носи следната сезона.
“Би сакал да носам дрес со број седум во Барселона. Ми недостасува фудбал многу. Изолацијата оди добро, но немам многу што да правам. Јас навистина немам идеја кога ќе продолжат натпреварувањата или кога ќе започнеме со тренинзи”, изјави Гризман.
Тој, исто така, се осврна на Европското првенство кое беше преместено за следното лето.
“Жалиме што е преместено Европското првенство, но тоа беше вистинската одлука. Ќе биде добро за нашиот тим бидејќи имавме неколку повредени играчи”, додаде напаѓачот на Барселона.