Рекордерот во НФЛ е нова жртва на коронавирусот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Коронавирусот ги зема жртвите, а новата потекнува од Америка.

Поточно, почина рекордерот во НФЛ, Том Демпси.

Тоа го потврди неговиот поранешен клуб Њу Орлеанс Сеинтс.

Ковид 19 беше дијагностициран на 25. март.

Демпси погоди од поле од 63 јарди во 1970. година и тоа беше најдолгиот погодок во историјата на НФЛ се до 2013. година кога Мет Праттер го сруши.

„Неговиот живот беше пример за да не се дозволи неволја да ти застане на патот“, се вели во извештајот на Њу Орлеанс Сеинтс.