Од што почина Радомир Антиќ?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Познатиот српски стручњак Радомир Антиќ почина вчера во Мадрид.

Веста за смртта на тренерот кој седеше на клупата на три од најголемите клубови на Шпанија во текот на неговата кариера го шокираше фудбалскиот свет.

Антиќ почина на 72-годишна возраст. Според шпанските медиуми, поранешниот тренер на Барселона, Реал и Атлетика починал од панкреатитис.

Човекот кој ја предводеше српската репрезентација пред една деценија имаше проблеми со црниот дроб и панкреасот со години и на крајот не успеа да ја добие битката.

Антиќ почина на Клиниката Рубер во Мадрид по сепса. По веста за неговата смрт, и клубовите и играчите почнаа да се збогуваат со одличниот тренер.