Мане: Јас ќе прифатам ако не ја добиеме титулата


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул е пред титулата, но фудбалот запре.

Не е познато кога Премиер лигата ќе продолжи или дали тоа ќе се случи, но препораката на УЕФА е дека лигите мора да завршат.

Садио Мане, членот на Ливерпул, даде многу интересна изјава. Навивачите на неговиот клуб не се сигурни за оваа опција.

“Мојот сон е да ја освојам Премиер лигата, но многу луѓе умреа и многумина ги загубија своите најблиски. Фудбалот не треба да биде примарен. Ако не ја добиеме титулата, јас ќе прифатам. Се надевам дека ќе бидеме шампиони следната година”, рече тој.

Ливерпул веќе 30 години ја чека титулата во Премиер лигата.

Пред првиот ривал Сити има 25 поени предност. Математички, му беа потребни уште две победи за титулата шампион.