Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мадридски Реал е подготвен за големи промени во текот на летото.
Кралскиот клуб наводно е подготвен за голема продажба и постои добра можност некои од големите sвезди повеќе да не ги гледаме во дресот на овој тим.
Така Спорт вчера издвои „црна листа“ на фудбалери за кои нема да има место на „Сантијаго Бернабеу“ од следната сезона и најави револуција меѓу „Кралевите“.
Дури 11 играчи, наводно, би можеле да бидат продадени. Двајца од нив се Лука Модриќ и Лука Јовиќ, а на списокот се наоѓаат големи имиња како Герет Бејл, Џејмс Родригез и Марсело.
Други играчи на списокот се Маријано Дијаз, Едер Милитао, Брахим Дијаз, Алфонс Ареола, Алваро Одриозола и Лукас Васкез.
Не постои дилема дека добар дел од овие играчи ќе станат поранешни, и ќе видиме како Флорентино Перез ќе успее да ги замени.