Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред точно една година, српскиот фудбалер Лука Јовиќ потпиша договор со Реал Мадрид.
Кралевите платија 60 милиони евра за 22-годишниот напаѓач, но за разлика од Бундеслигата, каде тој блескаше во редовите на Ајнтрахт, Јовиќ не успеа во Реал.
Јовиќ не играше премногу кај Зинедин Зидан. Сепак, дури и малото време што го помина на теренот не покажа скоро ништо и не е ни чудо што неговата цена сега е многу пониска од пред една година.
Според „Трансфермаркет“, вредноста на Лука Јовиќ на пазарот е 32 милиони евра, или скоро 50 проценти помалку од пред една година.
Јовиќ ќе пропушти добар дел од продолжението на Ла Лига поради повреда, па веројатно ќе остане на ефектот од два гола и две асистенции на 24 настапи.