Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бен Симонс е подготвен да ја продолжи сезоната во НБА програмата закажана за крајот на јули.
Од доаѓањето во најсилната кошаркарска лига во светот, неверојатниот Австралијанец беше доминантен, но по дополнителната мускулна маса, тој ќе биде незапирлив.
Симонс пропушти добар дел од сезоната поради повреда на грбот, но тој ќе ја дочека завршницата во Флорида комплетно подготвен и значително посилен физички.
Кошаркарот на Филаделфија 76ерс значително работеше на зајакнување на своето тело за време на изолацијата. По најновите најави, се чини дека повеќе се подготвува за натпревар за боди-билдинг, отколку за натпревари во НБА.
Претходно, Јанис Антетокунмпо, со зајакнување на мускулите, ги натера неговите противници почесто да го фаулираат и да го испраќаат на линија за слободни фрлања, а Симонс се надева на сличен исход.