ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Синот на легендарниот Карем Абдул-Џабар е уапсен во средата откако неколку пати го прободел соседот.
Адам Абдул-Џабар (28) е уапсен и обвинет за напад со ладно оружје. Локалната полиција била известена за нападот на 9. јуни околу 10 часот, но целиот случај само сега го пријавил известува ТМЗ Спорт.
„Осомничениот, кој е сосед на жртвата, беше уапсен по инцидентот“, рече полицискиот портпарол.
Од полицијата соопштија дека жртвата завршила во болница откако се здобила со повеќе телесни повреди, кои не биле фатални.
Случајот сè уште се истражува, а ниту Адам ниту Карем Абдул-Џабар не ги коментираат овие обвинувања за американските медиуми.