Доколку не остане во Премиер лигата, Астон Вила го губи најдобриот играч


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиското првенство во Премиер Лигата продолжува и денес, а првиот натпревар е оној меѓу Астон Вила и Шефилд Јунајтед.

Домашната екипа се бори за опстанок, додека екипата на Шефилд има голема шанса да се доближи до местото кое води во Европа.

Во прашање се многу работи кога станува збор за Астон Вила, а останувањето на главниот играч, Џек Грилиш, ќе зависи од нивното евентуално опстанување.

Имено, неговата цена е 80 милиони фунти, но доколку останат во Премиер лигата, управата на Астон Вила нема намера да го продаде својот најдобар играч.

Така, доколку го напуштат највисокиот ранг на натпреварувањето, тие ќе бидат принудени да го продадат, а како најголем кандидат се споменува Манчестер Јунајтед.