Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако се дозна дека Григор Димитров е заразен со коронавирус, се појави голема паника во Задар.
Беше откажано финалето на тенискиот турнир, а беа тестирани и другите учесници на турнирот.
Хрватските медиуми само известуваат дека тројца други тенисери се позитивни, а меѓу нив е и Борна Ќориќ.
Ова го потврди утрово Шиме Виковиќ, началник на Генералштабот на цивилната заштита на Задар.
Синоќа беше потврдено дека Доминик Тим не е заразен, а Новак Ѓоковиќ замина во Белград каде ќе биде тестиран.
Она што ги загрижува одговорните е дека Димитров исто така се дружел со децата и нивните родители.
Хрватските медиуми посочуваат дека таму имало стотици луѓе.