Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона и Атлетико Мадрид одиграа 2:2 во натпревар со многу сомнителни судиски решенија. Домашната екипа се оддалечи од титулата, а гостите се доближија до ЛШ.
Еден од играчите на Барселона го остави Диего Симеоне без зборови по натпреварот. Не беше Лионел Меси, туку Антоан Гризман.
Гриеман пристигна во Барселона минатото лето за 120 милиони евра по активирањето на клаузулата, а синоќа тој влезе како замена во 90-та минута.
„Немам зборови“, кратко изјави Симеоне за Мовистар, кога беше запрашан да коментира за состојбата на Гризман.
Францускиот напаѓач има постигнато 14 гола во сите натпреварувања оваа сезона, но со Кике Сетиен тој е целосно надвор од игра. Последен пат беше стрелец во февруари кога постигна гол против Наполи во Лигата на шампионите.