Sвездата на Бундеслигата побара веднаш да го напушти клубот, два тима во игра за неговиот потпис

Еден од најбараните играчи во следниот трансфер период сигурно ќе биде играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Каи Хаврц.

Имено, голем број клубови се распрашуваат за неговите услуги, а најсериозни биле Баерн и Челзи.

Имаше опција Хаврц да остане во Баер уште една сезона, но тој одбил, и побарал од управата да го ослободи што е можно поскоро.

Баерн се повлече од трката за неговиот потпис бидејќи не сакаат да трошат премногу следното лето и Челзи остана во игра.

Сепак, според германските медиуми, тимот од Лондон не е сам во игра за неговиот потпис, но има и друг клуб, а тоа е Манчестер Сити.

Останува да се види дали Хаврц ќе заврши во еден од овие два клуба или ќе се појави друг клуб.