Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Турнирот АТП во Вашингтон, како и серија турнири што треба да се одржат пред УС Опен (31. август – 13. септември), е под големо прашање.
Сите тениски турнири беа прекинати во март поради пандемијата на коронавирус, а како резултат на катастрофалната состојба во Америка, челниците на АТП и играчите се согласија дека конечната одлука за продолжување на сезоната ќе биде донесена на крајот на јули.
Веста ја објави Марка, а истиот извор пишува дека првиот човек на Унијата на играчи и првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ, побарал на сите тенисери да им бидат вратени пари за патните трошоци во САД доколку турнирите бидат откажани во последен момент.