„Не победија нас, а играа само да не загубат“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо рече дека неговата екипа вечерва не заслужи да загуби од Фејенорд во првото коло од Лига Европа.

„Нормално дека не сум задоволен, поготово што не заслуживме да изгубиме. Во второто полувреме бевме израмнети. Секогаш го контролиравме натпреварот. Пробавме да победиме, а тие пробуваа да не загубат“, рече Мурињо за БТ Спорт.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед загубија вечерва во Ротердам од Дејенорд со 1:0, со голот на Тони Вилена во 79 минута, во натпревар од првото коло од Групата А во Лига Европа.

Мурињо, кој направи осум замени во однос на натпреварот со Манчестер Сити пред пет дена, рече дека при додавањето на топката на стрелецот на единствениот гол, Николај Јоргенсен бил во офсајд.

„Ние напаѓавме, но тие постигнаа гол. Тоа беше дупла несреќа, поради тоа што беше чист офсајд. Во Лига Европа ќе бидеме екипа кој секој сака да ја победи“, додаде Мурињо.

Мурињо во првиот состав ги внесе Маркус Рашфорд и Ентини Марсијал, но ги отфрли констатациите за нивната слаба реализација.

„Не сакам да одам во тој правец. Не сакам да персонализирам. Некои играчи вечерва ги одиграа првите минути во сезоната, но очигледно дека некои играчи подобро играа од другите. Не можам да судам за нив по еден натпревар“, рече Мурињо.