Рој Кин во шок откако ја виде снимката од соблекувалната на Астон Вила: Што освоија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Астон Вила вчера ремизираше на гости против Вест Хем (1-1) и успеа да осигура опстанок во најдоброто друштво.

Астон Вила беше на чекор од излегување после само една година откако се врати од Чампионшип, но со доста среќа успеаа да се спасат. На крајот во понизок ранг се преселија Норвич, Ватфорд и Бурнемоут.

После мечот против Вест Хем настана големо славење. Еден од првите кои го искритикуваа тоа беше легендарниот Рој Кин кој порача дека играчите на Астон Вила малку претераа со славењето.

„Зошто слават? Дали нешто освоија? Ова беше тешка сезона за нив, но малку претераа со ова славање“, порача легендарниот везен на Манчестер Јунајтед.