Очајниот Бартомеу повторно го контактирал Чави и добил шокантен одговор


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Шпанските медиуми утрово пишуваат дека Барселона сигурно ќе потврди до крајот на денот дека Роналд Куман е нов тренер на овој тим.

Каталонците вчера го отпуштија Кике Сетиен по катастрофата во Лигата на шампионите и поразот од 8:2 од Баерн. Иако навивачите бараат заминување на претседателот Јосеп Марија Бартомеу на крајот тоа нема да се случи затоа што првиот човек на клубот нема намера да замине.

Бартомеу се обидува да го спаси она што може да се спаси, но јасно е дека станува сè потешко од ден на ден. Каталонскиот спорт пишува дека Куман не бил првиот избор за тренер бидејќи Бартомеу се обидел повторно да го донесе Чави.

Претседателот на Барселона е сигурен дека со доаѓањето на Чави ќе ги смири навивачите и се обиде да стори сé за да се случи тоа, но повторно не успеа. Чави во јануари имаше понуда од Барселона, но дури и тогаш ја одби поканата на клубот затоа што сè уште не е подготвен за таков предизвик.

Чави тогаш рече дека еден ден тој дефинитивно ќе се врати во клубот, но постави услови што Бартомеу не сакаше да ги исполни. Во целиот тој очај, Бартомеу во неделата повторно стапи во контакт со Чави и му рече дека ќе ги исполни сите услови што тој само сака да ја преземе првата клупа на тимот.

Но, тој остана во шок кога Чави повторно го одби и ова е јасен показател дека не сака да дојде на „Камп Ноу“ додека Бартомеу е претседател.