Лазаревски му ја донесе првата победа на Шкупи оваа сезона


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Во единствениот натпревар во првата македонска лига од шестото коло кој се одигра во Чаир помеѓу Шкупи и Пелистер заврши со победа на домашниот тим со 2:1.

    Домашните фудбалери стигнаа први до водство преку фантастичниот погодок на Бесар Исеини во 26-та минута од далечина. Во првото полувреме видовме и мал конфликт помеѓу Мустафа Калил Ламбин од Шкупи и Мартин Ковачев од Пелистер кој се заврши мирно и двата фудбалери добија жолти картони. Шкупи го имаше водството се до стартот на второто полувреме кога Лукас Фереира Кардосо со погодок со глава израмни. Потоа видовме уште неколку шута од двете страни, но беа непрецизни. Пред 10 минути пред крајот на натпреварот повторно конфликт помеѓу фудбалерите на Шкупи и Пелистер, а учесниците Траоре и Тодоровски добија жолти картони. Во 92-ра минута Димитрија Лазаревски погоди за сефте победа на Шкупи.

    За Пелистер ова беше втор пораз а за клубот од Чаир прва победа оваа сезона.