Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џејмс Родригез го напушта Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Евертон.
Екипата од Гудисон Парк постигна договор со Реал за трансфер на колумбискиот фудбалер, а тој денес ќе биде на медицински прегледи во Ливерпул.
Џејмс, ако сè оди добро, ќе потпише тригодишен договор со Евертон со опција за продолжување на соработката за уште една сезона и така конечно ќе ги напушти кралевите на Мадрид со кои е во договор од 2014. година.
Денес работата треба да биде официјализирана и ова сигурно ќе биде нов предизвик во кариерата на 29-годишниот Колумбиец, додека Реал во овој трансфер треба да инкасира помеѓу 25 и 30 милиони евра.
Џејмс исто така играше како позајмен играч во Баерн две години, а за Реал играше четири години, тој постигна 37 гола на 125 настапи.
Покрај Колумбиецот, денеска во Евертон треба да ги помине медицинските прегледи и бразилскиот играч за врска Алан, кој доаѓа од Наполи.