Барселона гази во Асобал – Лазаров 5 погодоци, Ристовски не настапи во победата против Ла Риоха


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Ракометарите на Барселона славеа на гостувањето кај Ла Риоха со 22:24.

    После првото полувреме каталонците имаа предност од 2 погодоци, 11:13. Во вторите 30 минути ја одржаа таа предност и на крајот славеа со 22:24.

    Ласе Андерсон ја предводеше Барселона до победа со 7 погодоци. Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров постигна 5 погодоци. Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски не настапи на денешниот натпревар. Лангаро со 6 погодоци најмногу се истакна во Ла Риоха.

    Ова беше трета победа за Барселона во три кола, а за Ла Риоха втор пораз оваа сезона.