Естонија му го нанесе третиот пораз на македонските одбојкари


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Во квалификациите за ЕП, македонските одбојкари во групната фаза го запишаа третиот пораз во третиот натпревар, овој пат од Естонија со 2:3 во сетови.

    Македонските одбојкари го добија првиот сет со 28:26. Вториот и третиот сет ги загубија, 22:25 и 23:25. Четвртиот сет донесе голема неизвесност. Репрезентативците на Македонија имаа предност во целиот сет. Естонците успеаа да израмнат, но македонските одбојкари ги посака среќата и успеаа да слават со 27:25 и се изборија за пети сет. Последниот сет уште од старт одиграа лошо и го изгубија со 11:15.

    Ова е трет пораз за одбојкарите на Македонија во исто толку натпревари, а втора победа за Естонија.

    Следниот натпревар на македонските одбојкари е на 23-ти септември против Чешка во 18:00 часот.