За Адама Траоре пристигна покана, но не од репрезентацијата на која се надеваше


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адама Траоре минатиот месец доби покана од Луис Енрике за натпреварите на Шпанија во Лигата на нации, но поради повреда не можеше да дојде на средбата.

24-годишниот играч долго чекаше на своето деби за сениорската репрезентација на Шпанија, а кога Енрике конечно го покани, не можеше да игра поради повреда. Траоре се надева на покана и овие денови, бидејќи Црвената фурија ги очекува нови натпревари во Лигата на нации.

Поканата на адресата на Вулверхемптон пристигна вчера, но не од репрезентацијата на Шпанија, туку од репрезентацијата на Мали. Познато е дека Траоре е по потекло од Мали и има право да игра за оваа репрезентација, но ги помина сите младински категории на Шпанија.

Сепак, тој сè уште нема дебитирано во сениорскиот тим и се чини дека тоа сакаат да го искористат во ФС Мали. Тие го ставија Траоре на списокот за октомвриските пријателски натпревари и сега чекаат да видат дали тој ќе одговори.

Мали игра против Гана на 9. октомври, а четири дена подоцна има натпревар против Иран. Фудбалерот на Волците се соочува со тешка одлука, но многумина се сомневаат дека тој ќе одговори на повикот, бидејќи претходно изјави дека сака да игра само за Шпанија.