Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Компанија Mozzart продолжува со општествено одговорните активности, овој пат со донација на инвентар наменет за реновирање на хируршкото одделение во Општата болница во Гостивар.
Mozzart обезбедија околу 40 наткасни изработени за потребите на болницата, а кои ќе бидат распределени во просториите на хируршкото одделение кое моментално се реновира.
„Оваа донација е уште една во низата акции на компанијата Mozzart, со кои сакаме да изразиме неизмерна благодарност и да ги поддржиме здравствените работници за сè што прават. Настојуваме секогаш да помагаме колку што можеме и да одговориме позитивно на барањата кои пристигаат кон нашата компанија. Општата болница во Гостивар ја имаме досега посетено неколку пати, каде дониравме 5.000 евра за борба против Covid-19, телевизори, витамински пакети за медицинскиот персонал. Продолжуваме и понатаму со реализација на хуманитарни кампањи во различни области и установи низ државата.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.
Директорот на Општата болница во Гостивар и раководните лица ја поздравија оваа донација и изразија голема благодарност до компанијата.
„Сакаме да се заблагодариме на Mozzart за почитта и хуманоста што постојано ја покажуваат за нашата институција. Донираниот инвентар ни е од огромно значење, а предвидено е да биде поставен во просториите на реновираното хируршко одделение. Компанија Mozzart континуирано преку различни акции и хуманитарни кампањи придонесува кон подобрување на условите и функционирањето во оваа болница. Досега тие донираа повеќе од 300.000 денари за полесно справување со коронавирусот, донираа пакети со свежо овошје наменети за нашиот медицински персонал, донираа телевизори кои ги распределивме низ болничките соби со цел да им се овозможи поудобен престој на пациентите.“ – изјавиjа раководните лица на Општата болница во Гостивар.
Инаку, компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции кои постојано ги организира во различни области. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа повеќе од 50.000 евра распределени низ повеќе болници низ државата, а реализираа и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна, донација на телевизори наменети за повеќе установи, витамински пакети за освежување на нашите херои – медицинските работници во повеќе болници. Од Mozzart истакнаа дека и понатаму продолжуваат со реализација на хуманитарни кампањи онаму каде што е најмногу потребно.