Охрид го прегази Работнички во Скопје на стартот во суперлигата


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Ракометарите на Охрид го совладаа РК Работнички во Скопје убедливо со 18:29.

    После првото полувреме гостите од Охрид имаа голема предност од 11 погодоци, 6:17. Во вториот дел ракометарите на Охрид ја одржуваа големата предност и на крајот заслужено славеа со 18:29.

    Александар Тасев и Глигор Гајиќ беа најефикасни во поразениот тим со по 5 погодоци. Охрид беше предводен до победа од Бобан Блажески со 9 погодоци. Лазар Адамовиќ постигна 5, Јовица Младеновски и Крсте Андоноски по 3 погодоци.