Барселона повторно купува од англискиот гигант


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Раководството на Барселона оваа зима најверојатно ќе доведат уште едно засилување, а тоа повторно би можел да биде фудбалер на Арсенал.

    Познато е дека каталонскиот клуб има добра соработка со топчиите. Англиските медиуми соопштија дека Барселона е заинтересирана за Хектор Белерин.

    Шпанскиот фудбалер стигна во Арсенал од Виљареал. Не е тајна дека е на мета на Манчестер Сити, но англиските медиуми веруваат дека Белерин ќе ја прифати понудата на каталонците.

    Ако Арсенал одлучи да го продаде шпанскиот репрезентативец би можел да заработи 35 милиони евра.