Дејан Манасков го предводеше Рајн Некар до тешка победа


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Ракометарите на Рајн Некар Левен славеа тешка победа на гостувањето кај Лајпциг со 24:25.

    Гостите имаа голема негатива на стартот. Се вратија во натпреварот, израмнија и успеаа да го добијат првото полувреме со 12:15. Ракометарите на Лајцпиг во второто полувреме израмнија и го направија натпреварот неизвесен се до крајот. На крајот Рајн Некар Левен запиша победа од 24:25.

    Хендрик Пекелер кој не погреши, 5 од 5, Дуриц со 5 погодоци и македонскиот репрезентатиевец, Дејан Манасков со 5 погодоци од 7 обиди го предводеа Рајн Некар Левен до четвртата победа оваа сезона. Биндер кај Лапциг беше најефикасен со 5 погодоци.